Сигурен ризик

Сигурен ризик

Цена: 330 ден.

Опис на книгата

Две години по своето враќање од Виена, полицискиот инспектор Виктор Николов живее мирен живот во Скопје и сè повеќе се зближува со својата деветгодишна ќерка, Теона. Мирната есенска идила е нарушена едно септемвриско утро кога телото на дваесет и деветгодишната новинарка Драгана Несторовска е пронајдено во багажникот од нејзиниот автомобил. Причината за смртта е недостиг на воздух, како резултат на давење.

Виктор е под притисок што побргу да го разреши случајот додека на површина излегуваат сомнителни детали од минатото на новинарката, како и одреден број на осомничени што би можеле да имаат мотив за нејзиното убиство. Меѓу нив се и наркоманот од непосредното соседство, нејзината најдобра пријателка и повремена љубовница, но и кандидатот за претседател на претстојните претседателски избори.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Страници 336
Автор Анде Јанков
ISBN 978-608-243-459-9
Тежина 371
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x