Сидарта

Сидарта

Цена: 180 ден.

Опис на книгата

Преубавиот син Сидарта незадоволен од духовната исполнетост што му ја пружа традиционалната вера тргнува по патот во потрага на крајната вистина и конечното просветлување, не отстапувајќи од својата животна цел и автентичноста ни по која цена. Сидарта се откажува од благодетите на богатиот живот, доживува метаморфози во повеќе стадиуми, започнувајќи како самовљубен и нарцисоиден говорник горд на своите зборови и своето знаење, окружен со љубовта на своето богато семејство, Сидарта се посветува на учењето, на читањето книги, за подоцна да го напушти домот и да им се препушти на лутањето и страдањето, деноноќно гладувајќи и патувајќи. На тој пат дознава за Буда и тргнува да го бара, но набрзо сфаќа дека му треба лично искуство а не само учење од други. Подоцна станува љубовник, човек што си поигрува величенствено и надмоќно за на крајот да се врати на брегот од реката и да го слуша само нејзиниот жубор...

Детали за продуктот

Корица Мека
Страници 144
Година на издавање 2009
ISBN 9786082012175
Издавачка куќа Ѓурѓа
Херман Хесе

Херман Хесе

Херман Карл Хесе (Hermann Hesse) (2 јули 1877-9 август 1962) бил германско-швајцарски поет, романсиер и сликар. Неговите најпознати дела вклучуваат Демијан, Степенволф, Сидарта и Играта со стаклени зрнца, од кои секоја ја истражува потрагата на индивидуата за автентичност, самоспознавање и духовност. Во 1946 година, тој ја доби Нобеловата награда за литература.

Повеќе за Херман Хесе
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x