Што кажува секое тело

Што кажува секое тело

Цена: 380 ден.

Опис на книгата

Тој вели дека тоа е неговата најдобра понуда. Но дали е така?  Tаа вели дека се согласува. Дали навистина се согласува? Интервјуто помина одлично – или сепак не?

Прочитајте ја оваа книга и развијте ја својата невербална интелигенција. Џо Наваро, поранешен агент на ФБИ и стручњак за невербална комуникација, објаснува како брзо и ефикасно да ги „прочитате“ луѓето: да им ги одгатнете чувствата и мислите, да препознаете кога ве лажат и да ги избегнете скриените замки. Ќе дознаете и како говорот на вашето тело влијае врз мислењето што надредените, семејството, пријателите и другите го имаат за вас. Ќе откриете:

– кои се древните инстинкти за преживување што го поттикнуваат говорот на телото;

– зошто од лицето најтешко се читаат вистинските чувства на личноста;

– што ни откриваат гестовите со палците, стапалата и очните капаци;

– кои се најмоќните гестови што ја откриваат нашата самодоверба;

– како можеме да поттикнеме доверба или авторитет.

Џо Наваро, наречен „ловец на шпиони“ и „човечки детектор за лаги“, ни открива многу примери од своето професионално искуство покажувајќи ни како да ги разбираме мислите и намерите на луѓето, да ги откриваме и дешифрираме нивните невербални реакции за да можеме поуспешно да комуницираме со нив. За работа или за задоволство, Што кажува секое тело нуди моќно знаење што го збогатува и унапредува животот.

Детали за продуктот

Автор Џо Наваро
Корица Мека
Година на издавање 2020
Издавачка куќа Три
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x