Шест проблеми за дон Исидро Пароди

Шест проблеми за дон Исидро Пароди

Цена: 230 ден.

Опис на книгата

Неповторлива уметничка фузија од креативната енергија на Борхес и Касарес. Пародија на детективскиот жанр, но истовремено и негово ремек-дело. Низ хумор и непредвидливи заплети, се движиме низ шесте приказни на дон Исидро Пароди. Овој парадоксален детектив ги решава најсложените случаи со неверојатна вештина, без да излезе од својата ќелија во државниот затвор, каде што одлежува казна неправедно осуден.

Ова извонредно и сатирично дело е суштинскиот клуч на плодната соработка меѓу двајцата големи аргентински писатели, кои прават спој на ерудиција, пародија, мистификација и мистериозност. Нивните заеднички книги своевремено биле објавувани под името Онорио Бустос Домек, фиктивен лик што ги збунувал и критичарите и читателите.

Детали за продуктот

Корица Мека
Страници 160
Година на издавање 2019
Автор Адолфо Биој Касарес
ISBN 978-608-243-369-1
Тежина 176
Издавачка куќа Антолог

Книги во категоријата Класици

Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x