Шех Вардар

Шех Вардар

Цена: 180 ден.

Опис на книгата

„Шех Вардар“ од Ленче Милошевска опфаќа дваесет и пет раскази, поделени во три циклуси.

Прозните текстови во оваа книга се лични стории и сеќавања, главно сместени во главниот град, иако дел од нив, оние од детството, се лоцирани и на село, со носталгично и топло чувство за дедото што знаел убаво да раскажува. Книгата опфаќа и случувања за кои поретко се пишува во нашата книжевност, војните и конфликтите по распадот на поранешна Југославија и, во таа смисла, и интимните доживувања во семејството.

Она што ја прави особено интересна оваа книга се многубројните раскажувања врзани за старото и новото Скопје.

Тргнувајќи од сето ова, книгата ќе им понуди задоволство и на литературната критика и на читателите.

 

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2017
Страници 96
Автор Ленче Милошевска
ISBN 978-608-243-208-3
Тежина 116
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x