Сеништето

Сеништето

Цена: 480 ден.

Опис на книгата

Преселувајќи се во Хонгконг Хари Хуле мисли дека засекогаш ги оставил зад себе своите трауми исто како и кариерата во полицијата. Но се случува нешто незамисливо: Олег момчето што порасна со Хари е уапсено поради убиство. Не можејќи да поверува во тоа Хари се враќа дома за да го најде вистинскиот сторител. Иако повеќе не работи во полицијата тој самостојно го истражува прометот на наркотици по улиците на родниот град што ги пустоши една нова дрога. На секој чекор го чекаат изненадувања а истрагата на едно навидум типично наркоманско убиство добива размери што Хари не ги предвидел. Речиси сите траги водат во иста насока...Во оваа досега најлична истрага Хари мора да се соочи со своето минато и со потресни вистини за Олег и за себе.

„Исклучително... Ова е најличната истрага на Хари, но Несбе не му дозволува на својот јунак да ја занемари потрагата по вистината поради својата татковска љубов кон Олег, колку и да го чини тоа.“ Паблишерс викли

„Сеништето се вбројува во самиот врв на криминалистичкиот роман во Скандинавија.“ Бук пејџ

Детали за продуктот

ISBN 978-608-230-605-6
Корица Мека
Година на издавање 2019
Издавачка куќа Три
Автор Ју Несбе
Ју Несбе

Ју Несбе

Ју Несбе (роден на 29 март 1960) е норвешки писател, музичар, економист и поранешен фудбалер и известувач. Повеќе од 3 милиони копии од неговите романи беа продадени во Норвешка од март 2014 година; неговото дело е преведено на повеќе од 50 јазици, а до 2021 година се продадени околу 50 милиони примероци ширум светот. Познат првенствено по неговите крими-романи со инспекторот Хари Хол, Несбе е исто така главен вокал и текстописец за норвешкиот рок бенд Ди Дер. Во 2007 година ја издаде својата прва книга за деца, Доктор Прокторс Промпулвер. Филмот од 2011 година, Ловци на глави, е базиран на романот на Несбе.

Повеќе за Ју Несбе
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x