Сега е најдолгото никогаш

Сега е најдолгото никогаш

Цена: 180 ден.

Опис на книгата

Сега е најдолгото никогаш би можела да се чита како љубовна поема, како поетска партитура во три става („Сега“, „Никогаш“ и „Најдолгото никогаш“). Кога ги читаме песните на Јосип Коцев, му се радуваме на поетското „сега и тука“, со леснотија доловено во секоја поетска слика. Речиси на секоја нова страница нè дочекува една убава стапица: сакаме пак да ја препрочитаме веќе прочитаната песна, но едновремено сакаме да свртиме и нова страница за да ја видиме следната, а се добива впечаток дека песните се прелеваат една во друга и како заедно да создаваат една поголема поетска синтеза. Затоа, оваа книга не е само стихозбирка (некаков збир и одбир на песни и стихови), туку заокружена поетска целина од педесетина песни.

Владимир Мартиновски

 

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2018
Страници 70
Тежина 84
Автор Јосип Коцев
ISBN 978-608-243-269-4
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x