Се гледаме наскоро. Е.

Се гледаме наскоро. Е.

Цена: 230 ден.

Опис на книгата

Драгана Евтимова и Владимир Лукаш преку нивните писмописци и раскажувачки гласови – Еписторија и Еписторие, соодветно успеваат во епистоларниот роман, освен реалистичната постапка и секојдневието, да вметнат и нота на надрализам, микрораскази од руски тип налик на оние на Хармс, извадоци од весници и списанија, книжевни критики, па сè до делови кои личат како репортажи од National Geographic. Сето ова придонесува овој роман да се чита и како дневник и како размена на електронска пошта и како лексикон на значења и долги прошетки по сферите на реалното, надреалното, магичниот реализам, чудесното и фантастичното. Роман, кој се испишува од психолошките игри и симулации на живот на Еписторие и Еписторија, двата влога на еден ист совршен јин-јанг карактер.

Убавината во роман „Се гледаме наскоро. Е.“ е во тоа што може да се препрочитува неколкупати и одново да се откриваат симболите и алузиите во приказните. А овој роман е дефинитивно „хипервитамизиран“ со тоа. Се добива чувство дека пред себе имате исто дрво, кое во различни сезони раѓа различни цветови и плодови.

Душко Крстевски

Детали за продуктот

Корица Мека
Страници 144
Година на издавање 2017
Автор Владимир Лукаш
ISBN 978-608-243-218-2
Тежина 164
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x