Санитарна енигма

Санитарна енигма

Цена: 330 ден.

Опис на книгата

Дали санитарноста е моќ; дали моќта има санитарен извор? Кој е економот што ја стопанисува територијата на чистото? Како се вика лекарот што ја лечи раната на нечистата совест во исто време додека ја загадува?

Каква е врската меѓу сапунот и фашизмот? Зошто секоја колонијална империја најпрвин се воспоставува како хигиенска империја? Какво решение за третманот на „чистата“ крв им понуди Дизни на современите телевизиски воени могули? Кога и зошто е криминализиран сметот? Зошто модерниот град е роден од спорот со анималните, животворни импулси? Зошто радоста подразбира блискост и валканост?

Како сексуалноста и санитарноста меѓусебно се поврзани? Зошто не постои желба што е по мерка на културата? Кој сон Фројд одби да го толкува и зошто? Дали постои празен субјект и што е содржината на неговата супстанција?

Ова се дел од прашањата што студијата „Санитарна енигма“ ги отвора за промислување.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2020
Тежина 317
Автор Јасна Котеска
ISBN 978-608-243-413-1
Страници 290
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x