Рибата е црвена

Рибата е црвена

Распродадено

Опис на книгата

Необични и толку едноставно напишани раскази за многу мали-големи работи што ни го разубавуваат или пак ни го загорчуваат животот. Маркез пишува за се по малку – за политиката и историјата, за градовите и омилените писатели, за неуспешните атентати врз Кастро, за Нобеловата награда, за одвикнувањето од пушење и за стравот од летањето... Оригинали и луцидни, овие приказни се истовремено и забавни и поучни и претставуваат своевидна хроника за светот. Кратките текстови, понекогаш и белешки, се претвораат во вистински скапоцени камчиња. Тие сведочат за тоа дека нема мали и големи теми, туку има само добри и лоши хроничари. Придавајќи им значење на малите нешта кои значат живот, Маркез открива дека нема состојба во животот која, со малку фантазија и добра иронија, не може да се преобрази во поткреплива утеха за секој човек.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2010
Страници 120
Автор Габриел Гарсија Маркез
ISBN 9786082011233
Издавачка куќа Ѓурѓа
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x