Риба во шишето ракија

Риба во шишето ракија

Распродадено

Опис на книгата

Би можело да се каже, без претерување, дека македонската читателска публика одамна требаше да биде почестена со едно поопсежно претставување на поетoт чија поезија нуди изобилство од поетски слики, кои се толку блиски, географски и по духот на нашите градски улици од првите децении на 20 век, напишана на јазик што исто така го чувствуваме близок. Пред книгата „Риба во шишето ракија“, поезијата на турскиот поет меѓник Орхан Вели ѝ беше достапна како убава блиц-средба при повремените навраќања на современата турска поезија, но секогаш во недоволна количина за да ви ја нахрани љубопитноста. Но можеби така требало да биде, тоа да се случи на 100-годишнината од раѓањето на поетот, за кого неговите современици ќе речат дека е „поетот што ѝ стави качкет на турската поезија“.

Детали за продуктот

Корица Мека
Страници 128
Година на издавање 2014
Тежина 118
Автор Орхан Вели
ISBN 978-608-243-019-5
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x