Реторика

Реторика

Цена: 180 ден.

Опис на книгата

Беседништвото како осмислен и ритмички обликуван начин на изразување, чија основна цел е убедување, придобивање слушатали за она што се заговара, е старо колку и самиот говор. Него Аристотел го крева на ниво на вештина заснована врз научни принципи. Својата длабока мудрост како филозоф и естетичар, прагматичар и систематичар на науките, тој ја излеал токму во ова дело. За него реториката е способност за научно составување на говорот, па тој детално ги образложува техничките методи на убедување, потоа видовите беседи, принципите на реторичкото докажување и побивање итн.Реторика е вистински неисцрпен извор на значења и импликации врз повеќе аспекти од теоријата, но и во практичниот живот. Во неа аналитичноста на Аристотел е блескава; восхитувачки се неговите максимално подробни прикази на темите, како и исклучителната способност за проникнување во сите составни делови на нештата, без оглед дали станува збор за деловите на беседата, за чувствата и за различните карактери на луѓето, за стилот итн.Вистински прирачник за секој човек кој го сфаќа говорот како моќно оружје со кое може да се постигне саканата цел.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2010
Автор Аристотел
ISBN 9786082010854
Издавачка куќа Ѓурѓа
Страници 200
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x