Раскази

Раскази

Цена: 180 ден.

Опис на книгата

Двајца пријатели желни за авантура тргнуваат на патување. Некаде пешки некаде со кола, повеќе гладни отколку сити, среќавајќи и опасни луѓе од кои мораат да бегаат и убави девојки во кои се вљубуваат, тие запаѓаат во низа трагикомични ситуации. Кога ќе се дотрошат и помислуваат дека затворот не им гине, откриваат која е таинствената сопственичка на гостилницата. Во една друга гостилница, пак, тече приказната за необичниот живот на загорскиот чудак Јуре Спорчина, како доказ за народната: „Она што човек сам ќе си го направи...“

Меѓу нас и Анте Ковачиќ се протега еден и пол век истечено време, но неговата проза звучи свежо и актуелно како да е патопис од нашата современост. Каде и да нѐ прошетаат неговите ликови, гледаме дека не се смениле многу работи. Сѐ уште има малограѓанштина и алчност, туѓи идеологии и продадени души. Но за утеха, има и љубезни луѓе кои со топла насмевка ширум ќе ти ги отворат портите – и на домот и на срцето.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2020
Издавачка куќа Три
Автор Анте Ковачиќ
ISBN 9786084892304
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x