Рашомон – државен непријател

Рашомон – државен непријател

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

„Трудот претставува своевидна сага за т.н. македонска политичка емиграција, преточена низ призмата на еден лик што го симболизира наративот на идеолошко-политичката кованица од еден репресивен систем. Требаше да поминат дури 37 години за да се расветли животописот документиран низ голем број полициски, судски и затворски списи, кои сведочат за еден репресивен режим. Во тој контекст се презентира и адвокатското досие на неговиот бранител, како и документи за барањето судска рехабилитација и за повторената судска постапка.

Не сум сигурен дали коавторите Џиков и Иваноски инспирацијата за трудот ја презеле од филмското ремек-дело или пак можеби се послужиле со псевдонимот на досието од оперативната обработка, Рашомон, со кој тајната полиција го обработувала Драган Богдановски (иако интуитивно чувствувам дека се работи и за двете опции). Без оглед која била инспирацијата, коавторите заслужуваат признание за нивната инвентивна метафора бидејќи таа ги синтетизира контроверзниот лик и дело на Драган Богдановски.

Полициското досие Рашомон, кое има над десет илјади страници и го полнеле половина век три тајни служби со информации, службени белешки, извештаи и оперативни материјали, претставува животопис за прогонство, терор, заткулисни дискредитации, кодошење, киднапирање и затвор на Рашомон, но воедно и сага за македонските политички мигранти заминати од Македонија по Втората светска војна во Европа, Америка и во Австралија.“

д-р Гроздан Цветковски

Детали за продуктот

Корица Мека
Тежина 459
Година на издавање 2017
Страници 272
Автор Марјан Иваноски
ISBN 978-608-243-200-7
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x