Психопатологија на секојдневниот живот

Психопатологија на секојдневниот живот

Цена: 480 ден.

Опис на книгата

Во 1915 година, на Универзитетот во Виена, Фројд ги одржал овие предавања за психоанализа, посочувајќи на интеракцијата на несвесни и свесни сили во рамките на индивидуалните психи. Фројд верувал дека различните отстапувања од стереотипите на секојдневното однесување – навидум ненамернo заборавање на зборови, случајни движења и акции – се манифестација на несвесни мисли и импулси и заклучува дека границата помеѓу нормалната и абнормалната човечка психа е нестабилна. Таквите симптоми можат да ги нарушат јадењето, сексуалните односи, редовната работа и комуникацијата со другите. Приказната за тоа како еднаш го заборавил името на еден познат италијански сликар, му е почетна точка на Фројд за да нѐ воведе во психоаналитичкото размислување со неговите извонредни толкувања.

Детали за продуктот

Корица Тврда
Година на издавање 2019
ISBN 978-608-201-406-7
Издавачка куќа Ѓурѓа
Страници 284
Сигмунд Фројд

Сигмунд Фројд

Сигмунд Фројд (Sigmund Freud) (роден 6 мај 1856 - 23 септември 1939) беше австриски невролог и основач на психоанализата, клинички метод за лекување психопатологија преку дијалог помеѓу пациент и психоаналитичар.

Повеќе за Сигмунд Фројд
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x