Прво лице еднина

Прво лице еднина

Распродадено

Опис на книгата

Мудро да се помириме со времето и да создадеме колку што можеме повеќе скапоцени спомени – тоа е најважно од сѐ.

Прво лице еднина е збирка од осум (не)обични раскази кои во прво лице еднина ги раскажува класичниот Муракамиев раскажувач – осаменик. Некои се носталгично навраќање на младоста која одамна си заминала, а други зборуваат за зрелата доба и животните предизвици што таа ги наметнува. Повремено како втор раскажувачки глас се појавува наратор за кој читателот не е сигурен дали е самиот автор или е некој сосем друг, кој каков негов двојник живее во паралелна реалност и го гледа од другата страна на огледалото. Сепак, Мураками остава читателите сами да одлучат дали приказните се негови мемоари или фикција. Луцидни и филозофски, проткаени со хумор и самоиронија, фантастични дури и кога раскажуваат сосем обичен настан, овие осум нови приказни ги преиспитуваат границите меѓу умот и надворешниот свет.

„Овие неверојатни приказни се сведоштво за талентот и бескрајната креативност на Мураками.“

Паблишерс викли

„Лепилото што ги спојува сите Муракамиеви реалности, во овие раскази и во сето негово творештво, е љубовта кон некоја работа (жена, песна, бејзбол тим, момент од минатото) која истовремено е животворна и меланхолична. Мајсторски (напишани) кратки раскази.“

Буклист

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Издавачка куќа Три
ISBN 9786082307855
Харуки Мураками

Харуки Мураками

Харуки Мураками (Haruki Murakami) (роден на 12 јануари 1949 година) е јапонски писател. Неговите романи, есеи и раскази се бестселери во Јапонија, како и на меѓународно ниво, со тоа што неговата работа е преведена на 50 јазици и продава милиони примероци надвор од Јапонија. Има добиено бројни награди за неговата работа, вклучувајќи ја и наградата Гунзу за нови писатели, Светската награда за фантазија, Меѓународната награда за краток расказ „Френк О’Конор“, наградата Франц Кафка и наградата Ерусалим, чии претходни добитници се Ј.М. Коети, Милано Кундера и В.С Најпаул.

Повеќе за Харуки Мураками
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x