Пропаганда

Пропаганда

Цена: 230 ден.

Опис на книгата

Четвртата по ред поетска збирка од Емил Калешковски, насловена „Пропаганда (омаж на заменките)“, е составена од три раздели со вкупно триесет и три песни, факт што упатува на длабокиот симболички и метафоричен полнеж избликнат од ова пеење (само божественото име Елохим се појавува 33 пати во книгата Битие).

Поезијата на Калешковски се движи во апсурдни семантички координати со жестока иронија и сарказам кон сè што претставува (лажен) авторитет и (сомнителна) веродостојност. Оваа поетска материја сè повеќе се разигрува и се отвора кон нови насоки. Воведува фусноти и цитати, математички формули и графикони, ликовни елементи и заграби од стихови од претходните книги. Игра возбудлива поетска криенка, воведува стапици за инертните читателски духови, симулира сопствени превиди, погрешки и сопки.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2017
Тежина 66
Страници 52
Автор Емил Калешковски
ISBN 978-608-243-212-0
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x