„Никој не го прави тоа подобро од Холи Робинсон.“ – Сузан Стрејт финалист на Националната награда за најдобра книга и автор на ПОМЕЃУ НЕБОТО И ТУКА.
Катерин и Зои се сестри, но карактерно многу различни. Кетрин е смирена и одговорна, а Зои страсна и бунтовна. Никој нема да се изненади кога Зои ќе остане бремена, ќе го напушти училиштето и ќе стане зависник од дрога.
Една ноќ Катерин добива повика од ќерката на Зои, Вилоу, која е преплашена и соопштува на својата тетка дека мајка и ја оставила на автобуската станица и исчезнала. Катерин, која не може да има деца, со задоволство прифаќа да ја подигне Вилоу како своја ќерка.
Пет години подоцна...
Една серија на неочекувани настани ќе го шокираат семејството и трите генерации на жени.