Припитомување на кучката

Припитомување на кучката

Цена: 320 ден.

Опис на книгата

Раскази за лудилото? Зар може да се каже нешто ново за лудилото по Едгар Алан По Е. Т. А. Хофман Лотреамон по лудилото на Хамлет или лудилото на Дон Кихот?

Венко Андоновски, во циклусите раскази „Фрески“ и „Иконки“, ни ги покажува познатите, благородни форми на лудилото: лудилото на љубовта и лудилото на генијалноста. Тие се форми на класичното лудило на недостигот, кои покажуваат дека недостигот, кој обично се замислува како „празнотија во душата“, всушност е најбогатото чувство на човекот: недостигот е максимална исполнетост на битието со копнеж. Хамлет копнееше по вистината и одмаздата, Дон Кихот по еден нов херојски свет.

Но во циклусот „Карикатури и гротески“, ликовите полудуваат во мигот кога го губат недостигот, што значи го губат и копнежот, кој го заменуваат со потреба од копнеж. Тоа е лудило на празното полно, наместо класичното лудило, она на полното (со копнеж) празно. 

Припотомување на кучката е уште едно врвно дело кое го потврдува прозното мајсторство на Венко Андоновски, еден од најдобрите современи македонски раскажувачи.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2018
Автор Венко Андоновски
Издавачка куќа Три
ISBN 978-608-230-603-2
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x