Приказна за љубовта и темнината

Приказна за љубовта и темнината

Цена: 580 ден.

Опис на книгата

„Приказна за љубовта и темнината“ е семејна сага и магичен автопортрет на Амос Оз, кој нè води на едно заводливо патување во своето детство и младост. Приказна за момче што расте во разрушените улици на воениот Ерусалим во 1940-тите и во 1950-тите години, во мал стан пренатрупан со книги на многу јазици. Трагична историја на едно наизглед нормално и среќно семејство. Животот на Амос засекогаш се менува по самоубиството на неговата мајка кога тој имал само 12 години. Оз е човек што ги остава зад себе ограничувањата што му ги поставуваат семејството и неговата заедница задоена од дневна политика и наследените култура и религија. Тој го менува своето име, се жени, основа семејство и се вклучува активно во политичкиот живот на својата нација. Лична и потресна „must read“ биографија, која ќе ве воодушеви и ќе ве расплаче.

Во 2015 година Натали Портман го режира истоимениот филм. Самата ја толкува улогата на мајката на авторот и зборува на хебрејски јазик.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Автор Амос Оз
ISBN 978-608-243-361-5
Страници 630
Тежина 587
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x