Прељуба

Прељуба

Распродадено

Опис на книгата

Провокативен и фасцинантен Прељуба е длабоко интроспективен роман за тоа како една жена се соочува со неспокојот на своите средни години – и последиците од нејзините одлуки врз личниот живот.Однадвор, се чини дека Линда има сè: кариера на почитуван новинар, приврзан сопруг, сакани деца и прекрасен дом во Женева. Но без оглед на овие погодности, нејзе ѝ здодева рутината на стабилниот живот и се чувствува бескрајно осамена. Кога еден пријател од минатото се враќа во нејзиниот живот, таа е преплавена од импулси и пориви кои со години лежеле скриени во неа. Заробена од копнежот по страсна љубовна врска, Линда тргнува по патека што никогаш не ни сонувала дека ќе ја минува, и се соочува со своите демони ризикувајќи да го уништи удобниот живот што го создала за себе и своето семејство.Со мајсторски водено раскажување и изнијансирани карактери, Пауло Коелјо ги поведува читателите на уште едно возбудливо патување низ лавиринтот на човечките односи и емоции.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2014
Издавачка куќа Три
ISBN 978-608-230-272-0
Пауло Коелјо

Пауло Коелјо

Пауло Коелјо де Соуза (Paulo Coelho) (роден на 24 август 1947 година) е бразилски текстописец и романсиер. Член е на Бразилската академија за писма. Неговиот роман „Алхемичарот“ е продаден во повеќе од 150 милиони примероци ширум светот и е најпродавана книга на сите времиња од бразилски писател. Тој влијаеше на бразилската рок музика преку неговото партнерство со музичарот Раул Сеиксас.

Повеќе за Пауло Коелјо
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x