Прашалникот е половина срце

Прашалникот е половина срце

Цена: 380 ден.

Опис на книгата

Навидум совршен живот. Неочекувано писмо. Длабоко емотивно патување во минатото.

Елин Боулс има совршен живот. Таа е една од најуспешните фотографки во Њујорк, мажена за прекрасниот Сем, со кого ја има седумнаесетгодишната ќерка Алис. Сепак, оваа слика е само фасада.

Еден ден Елин добива писмо од  Готланд, мал остров во близина на Шведска, каде што го има поминато своето сиромашно детство. Писмото е глас од минатото, кое Елин со сите сили се труди да го заборави бидејќи носи мрачни тајни што своевремено ја натерале да се отсели од родниот крај.

Елин сфаќа дека, за да биде среќна, мора да се соочи со демоните од минатото, да се пронајде себеси. Тргнува на пат што ја води не само на друг континент туку и во едно друго време и друг живот.

„Прашалникот е половина срце“ е приказна за надминување на срамот и вината, за вистината и прифаќањето на својата природа, но пред сѐ за тоа како вистински да сакаме.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2020
Автор Софија Лундберј
ISBN 978-608-243-389-9
Страници 265
Тежина 347
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x