Потестатизам просто трансцендира по сите основи. Големината на овој труд исходи од сета негова преизобилност на форми стилистички фигури литерарни пасажи и метафори философски увиди и мистички созерцанија. Ова не е вообичаен трактат за моќта каков-годе сакате во стерилно-пуританска еднострана смисла: историски социолошки политиколошки културолошки или пак дури и психоаналитички. Делото на Санџакоски може да биде сѐ од набројаното но и ништо од тоа.
Земајќи ја оваа книга в раце, читателот е внесен во дијалектичката напрегнатост условена од маркантно изострените ставови и контраставови. Стилот на пишување е ултрамодерен, па дури и постмодерен во актот на сопственото метафизичко насилство што го имплицира како форма на отпор. - Ристо Солунчев