На универзитетот во Рејкјавик е пронајден машки труп со извадени очи и со чудни симболи исцртани на неговите гради. Полицијата не губи време и почнува да апси. Но семејството на германскиот студент не е убедено дека е фатен вистинскиот човек. Затоа, ја најмува Дора Гудмундсдотир, секси-адвокатка и самохрана мајка на две деца, да го истражи случајот. Набргу потоа Дора и адвокатот на семејството откриваат дека починатиот студент бил опседнат со исландската историја на лов на вештерки, тортури и јавни погубувања. Откриваат и слични современи застрашувачки настани, скриени под долгата и студена сенка на мрачните традиции. За двајцата вџашени истражувачи одеднаш ништо веќе не е како што изгледа. И никому не може да му се верува.
Овој роман предизвика меѓународна сензација и е објавен во триесетина земји.