Понекогаш доаѓа среќа

Понекогаш доаѓа среќа

Цена: 230 ден.

Опис на книгата

Младата Гора е заплеткана во необични сестрински односи со Ведра. Давид по разводот опсесивно се врзува за своето синче. Средбата меѓу девојката и зрелиот човек навестува љубов но не им ги олеснува животите. Во насловот се насетува среќен крај ама до него треба да се стаса низ многу пречки болни интимни соочувања и преиспитувања… низ созревање.Овој роман само навидум се движи по еднонасочен колосек. „Попатните станици“ го прават богат и слоевит непредвидлив возбудлив… (...Љубовта те прави свесен за неименливиот недостиг...)

„Оваа загадочна исповед во нашите раце не е љубовен роман. Или барем не претендира да биде. Таа ги допира најранливите места на нашата склоност да се приврзуваме за сенките и одблесоците на она што замислуваме дека сме. Местата каде што започнува секое наше суштинско прогонство... и, одново пронаоѓање.“отец Методиј Златанов

Детали за продуктот

ISBN 9786082301389
Корица Мека
Година на издавање 2013
Страници 301
Издавачка куќа Три
Автор Винка Саздова
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x