Помалку измамени

Помалку измамени

Цена: 150 ден.

Опис на книгата

Книгата поезија ,,Помалку измамени,, (2021) е втора книга на поетот Александар Михајловиќ. Книгата е поддржана од Министерството за култура, како дел од Годинешните конкурси за проекти од национален интерес во културата во 2021 година.

Книгата содржи 45 песни. Рецензент на книгата е поетесата Љупка Антеска. Поезијата во книгата „Помалку измамени“ претставува освежување во македонскиот литературен простор. При читање на песните може да се почувствува соочувањето на авторот со постулатите на секојдневието, на животниот тек кој е посакуван, на интимната исповест испреплетена во современието. Авторот Михајловиќ се впушта во соочување со тежината и леснотијата на пишување на стиховите и ослободувањето од нормативите на секојдневната поетска реч. Токму едноставноста на неговите стихови, минималистичкиот начин на пишување, претставува момент на вистината, тогаш читателот создава свои претстави за случувањата. Александар Михајловиќ преку стиховите повикува на ослободување, создавање на реален свет, во кој љубовта се трансформира во сите сегменти на живеењето и се појавува во чудесни облици. Иако насловот „Помалку измамени“ предизвукува, сепак никој нема да остане измамен додека ги чита песните.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
ISBN 978-608-66701-0-8
Автор Александар Михајловиќ
Страници 49
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x