Најновиот ракопис на современиот македонски романсиер Владимир Попов каде самото дејствието е поставено во едно тешко и трауматично време од почетокот на минатиот век се до почетокот на педесетите години. Од речиси реалистичка појдовна основа се гради дејствието симболички кажано во градбата на главниот јунак Никифор, кој е сведок и учесник во трагиката на настаните и токму преку тој лик авторот успева вешто да ја слика тегобната низа на историскиот мрак кој се надвива над ова парче земја наречена Македонија.