Појадок кај Тифани

Појадок кај Тифани

Цена: 230 ден.

Опис на книгата

„Најдоброто нешто што го изнајдов е едноставно да влезам во такси и да отидам докај Тифани. Веднаш ме смирува – мирнотијата и достоинствената атмосфера; таму не може да ти се случи ништо лошо, не може, со тие љубезни мажи во убави костуми.“

Романот мајсторски ги прикажува многуте слоеви на прекрасната и мистериозна Холидеј Голајтли. Преку необичното пријателство со соседот писател во 1940-тите години во Њујорк се гради моќна приказна за суштината на поврзаноста меѓу луѓето и чувството на припадност. Холи е лик на вечен сонувач или, како што Капоти ја нарекол, „нетипичен романтичар“. Таков роман напишал и тој: веројатно најоригиналната книга за љубовта што не е класична љубовна приказна!

Холи е девојка со слободен дух, а со темните очила и надворешниот изглед е апсолутна сензација каде и да се појави. Иако нејзиниот свет е свет на забави со милионери и „селебрити“, никогаш не се откажува од својот најголем сон – да најде вистинско место, како „Тифани“, каде што ќе најде мир за себе.

Филмската екранизација со Одри Хепберн во главната улога направи од „Појадок кај Тифани“ едно од најзвучните и најспомнувани уметнички дела на сите времиња. Романот децении и децении влијае врз книжевноста, филмот, модата, музиката и популарната култура во целина. Половина век „Појадок кај Тифани“ е омилено уметничко дело меѓу фановите од сите генерации, претворајќи се во голем мал класик!

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Страници 128
Автор Труман Капоти
Тежина 141
Издавачка куќа Антолог
ISBN 978-608-243-521-3
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x