Под Добра Вода

Под Добра Вода

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Појавата на книгата „Под Добра Вода“ од Саво Костадиновски, објавена во едицијата „Громови“ на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, громогласно ќе одекне не само во областа Порече под планината Добра Вода (кон која содржински гледано таа е насочена) туку и до сите други краеви од нашата Македонија. А, несомнено, и подалеку и пошироко од неа – секаде онаму каде што живеат нашинци, со корени и спомени од под околината на планината со најпоетично име на светот.

Ова издание, кое донесува една досега невидена мозаична концепција (со патописно-монографски и поетски целинки), закитено со впечатливи стари и новоснимени фотозаписи, дарува и пораки преполни љубов и сончевина.

Иако посветена пред сè на селото Горно Ботуше, родното село на писателот Саво Костадиновски, во неа се отсликани и многу други места, настани и луѓе од поречкиот регион.

Рецензент и автор на патописниот дел на збирката е Александар Кујунџиски.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2016
Автор Саво Костадиновски
Тежина 178
ISBN 978-608-243-180-2
Страници 132
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x