Под црвеното небо

Под црвеното небо

Цена: 480 ден.

Опис на книгата

Под црвеното небо на Марк Саливен е базирана врз вистинска и нераскажана приказна од Втората светска војна. Приказната го следи животот на заборавениот херој Пино Лела 17-годишно момче од Италија кое ги предводело Евреите во нивното бегство од нацистите преку Алпите. Назначен за возач на еден од најмоќните нацистички функционери во Италија тој добива увид во најстрого чуваните тајни истовремено сведочејќи за злосторствата на војната. Неговата храброст e поттикната од неговата љубов кон Ана и сонот за заеднички живот.

Ова е еден незаборавен и неодолив историски роман, триумфална, епска приказна за неверојатната храброст и издржливост за време на најмрачните часови во историјата. Јасно претставувајќи ги главните ликови и нивните емоции, Саливен ни ја прикажува војната каква што навистина е и како може да влијае врз луѓето на различен начин. Возбудлива сага за историјата, неизвесноста и љубовта која заслужува да биде раскажана.

„Неверојатна приказна, прекрасно напишана, убава и благородна книга“ – Џејмс Патерсон

Детали за продуктот

ISBN 978-608-230-5820
Корица Мека
Година на издавање 2018
Издавачка куќа Три
Автор Марк Саливен
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x