Победување

Победување

Цена: 400 ден.

Опис на книгата

Сурово искрена формула за победување во бизнисот, спортот или која било арена во која битката е безмилосна од престижниот тренер за врвни резултати меѓу чии ученици се вбројуваат Мајкл Џордан, Коби Брајант и Двејн Вејд.

Со „Победување“ Тим Гровер докажува зошто е еден од најбараните експерти за успешен начин на размислување што непогрешно води до победа. Врз основа на своето 30-годишно искуство, тој ги отстранува клишеата и претерано ентузијастичкото бодрење кои создаваат просечност и ве повикува решително да ја предизвикате реалноста. Која е наградата? Огромен успех.

Ако сте навлечени на вкусот на успехот и сакате уште, тогаш сте подготвени за оваа стратегија за изведба. Ако веќе победувате и сакате да научите како да стигнете до нивото на најголемите – оваа книга ќе ви го покаже патот.

„Тим Гровер е експерт за умствена сила. Со оваа книга-прирачник ќе откриете што сте способни да постигнете, резултати што не можете ни да ги замислите, достигнувања до највисокото ниво на успехот – дури и повисоко.“ - Коби Брајант

„Имам неверојатна верба и доверба во Тим Гровер.“ - Двејн Вејд

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Страници 198
Издавачка куќа Три
Автор Тим С. Гровер
ISBN 978-608-4892-63-2

Книги во категоријата Менаџмент

Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x