Раде Шербеџија пишува така како што прави и сè друго – страсно искрено со срце и без лицемерство. Пишува за луѓе градови светови уметности идеали и спомени што ги надживеале сите наши невремиња. Најмногу од сè пишува за љубовта. За љубовта кон семејството пријателите родниот крај виното фудбалот татковината музиката театарот и побратимството што го поврзува сето тоа.
Под изгаснатите рефлектори, онаму каде што мижурка само уште светлината на компјутерскиот екран и таму каде што човекот е сам без оглед на сите множества во кои е сместен, Раде Шербеџија проговорува со глас кој знае како најмудро се игра главната улога во сопствениот живот.