Платформа

Платформа

Цена: 380 ден.

Опис на книгата

Платформа е најпознатото и најконтроверзното дело со кое Мишел Уелбек стекна светска слава и достигна статус на најзначаен современ француски и европски писател. Во него се преплетени сите карактеристики на делата на Уелбек – општествена сатира, возбудлива приказна, нетипични ликови и брилијантен стил кој го отсликува светот во кој живееме со сите негови недостатоци и предности.

Во Платформа Уелбек го слика денешниот непродуховен човек, обземен од консумеризмот и зависен од секс, опкружен со различни облици на фундаментализам и екстремизам кои секој ден добиваат сѐ поголем замав. Среде тој хаос на денешното постоење, Уелбек се осмелува да го постави прашањето за љубовта и да ги

истражува причините зошто таа не може да опстои.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Издавачка куќа Три
Автор Мишел Уелбек
ISBN 978-608-230-554-7
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x