Pismo.docx

Pismo.docx

Цена: 380 ден.

Опис на книгата

„PISMO.docx“ („ПИСМО.docx“) e книга што е резултат на речиси двегодишна кореспонденција и соработка (2017-2018) меѓу двајца уметници, Ана Јовановска и Бранислав Лукиќ Лука. Јовановска употребувајќи македонски јазик во својата кореспонденција (со користење на кирилско писмо) и Лука упоребувајќи босански јазик (со употреба на латинско писмо).

Покрај текстуалниот дел во облик на е-писмо, пишуван во прво лице, наизменично со структура прашање-одговор, во книгата се наоѓаат и репродукции во боја на наменските илустрации на двајцата автори, соодветно поставени до текстот што го илустрираат. Ана и Лука имаат свој специфичен стил на пишување и негово препознатливо визуализирање.

Делото претставува еден некуриран дел од секојдневниот живот на две сосема различни индивидуи по род, пол, возраст, потекло, култура, националност, религија и убедување. Она што ги поврзува е желбата за комуникација и споделување. Преку нивните писма, читателот директно влегува во нивниот свет и интимна мисла, го следи нивниот развој и осознава и создава за себе нови перспективи за сите претходно наведени различности.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2020
Тежина 148
Автор Ана Јовановска
ISBN 978-608-243-406-3
Страници 92
Издавачка куќа Антолог

Книги во категоријата Уметност

Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x