Пишувајќи ги изгубените топки
Пишувајќи ги изгубените топки

Пишувајќи ги изгубените топки

Цена: 180 ден.

Опис на книгата

„Пишувајќи ги изгубените топки“ на Фросина Пармаковска е краток роман кој понесува, со својата духовитост и интелигенција уште од првите страници. Сместено во современа урбана средина, дејството ни ги открива суптилните фрустрации во односите помеѓу луѓето, психолошките компоненти на нивните, често, бизарни однесувања, во еден бескраен, ониричен свет во кој дејствувањето на главните ликови во областа на имагинарното е многу поочигледна опција од реалното. Наративниот пристап кон дејството на романот има повеќе перспективи, а тоа значи дека дејството ни се открива преку различните точки на гледање на ликовите што претставува современа и модерна наративна постапка која во последните гоодини има се’ поголем број на поддржувачи во литературниот свет.

Ова е и роман кој во манирот на магичниот реализам и неговата тенденција за помирување на опозитите, се обидува да ги испише сеќавањата преку апсолутниот заборав. Книгата е преполна со спомени, неостварени љубовни емоции кои извираат од секое ќоше на писмото, со исконска желба за нивно потиснување во дамарите на младите кревки души на актантите. Главната карактеристика на овој роман сепак останува интересниот оригинален и духовит стил, ироничните алузии на современите духовни состојби, и сето тоа крунисано со суптилна гротескна атмосфера.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2013
Издавачка куќа Култура
Автор Фросина Пармаковска
ISBN 978-9989-32-704-9
Страници 95
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x