Идејата за овој роман почнува со една слика на две пријателки кои неочекувано една ноќ се впуштаат во еротска авантура. Потоа се претвора во полициска приказна речиси трилер а трилерот се трансформира во еден вид панорама на перуанското општество во последните месеци или недели од диктатурата на Фуџимори и Монтесинос. Ми се допадна идејата да се вика Пет ќошиња како една од населбите кои на некој начин се симболични за Лима за Перу и за времето во кое е сместена приказната...
Романот Пет ќошиња на перуанскиот нобеловец Марио Варгас Љоса е приказна за светот кој опстојува под закана од цинизмот, амбицијата, моралната беда и насилството. Љоса ни прикажува една тегобна слика на Перу од деведесеттите години и создава живописен колаж од ликови од различни општествени класи, изложени на секојдневен страв предизвикан од тероризмот на „Сендеро луминосо“, на жолтиот печат и корупцијата поврзана со владеењето на Алберто Фуџимори.