Педесет цигари за Елена

Педесет цигари за Елена

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

„Педесет цигари за Елена“, најновиот роман на истакнатата хрватска писателка Марина Вујчиќ, во својата основа ја има теоријата на хаосот, „ефектот на пеперугата“ на ниво на малиот човек и неговото секојдневје.

Оливер Радман во спомен на роденденот на својата сестра близначка, која загинала пред дваесет и шест години, решава да испуши педесет цигари. Ја запалува првата цигара и на полноќ тргнува во прошетка низ градот, не насетувајќи дека ќе влијае врз животите на тројца луѓе: очајната мајка што не знаела дека нејзиниот сопруг е криминалец, младиот новинар што не може да спие ако некој се наоѓа покрај него на креветот и депресивната млада жена заробена во несреќен брак.

Паралелните приказни на овие ликови, навидум неповрзани, ќе се одвиваат во текот на дваесет и четирите часа во кои Оливер ја изведува својата необична посвета за починатата сестра.

Мајсторски напишан, со атмосфера на неизвесност и напнатост, „Педесет цигари за Елена“ е роман што ја истражува идејата како понекогаш без да бидеме свесни за тоа го менуваме животот на некои луѓе.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Страници 240
Тежина 253
Издавачка куќа Антолог
Автор Марина Вујчиќ
ISBN 978-608-243-484-1
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x