Пеам јас и планината танцува

Пеам јас и планината танцува

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Пеам јас и планината танцува е ода за природата и за умешноста да се живее во согласност со неа. Преку гласот на авторката своите приказни ги раскажуваат не само луѓето туку и облаците и громовите, печурките, срните и мечките, планината, водите и самовилите. Како дете на планината, момчето Хилари ги опева тие чудесни стихии во своите песни. А кога случајно ќе биде убиен од својот пријател, продолжува да живее во сеќавањата, посетувајќи ја како дух сестра си Мија.

Приказните во овој чудесен роман се преплет од реалност и фикција за опстанокот во пазувите на исцелителната планина, за осаменоста и пријателствата, за војните и убивањата, но и за убавината и добрината. Раскошна нарација што ја продолжува традицијата на големите автори на каталонската литература, со силно изразен симболичен и поетски стил.

„Фантастичен роман, во секоја смисла на зборот. Силна поетска приказна во која трагедијата и искупувањето одат рака подрака.“ Кадена сер „Блескава и возбудлива. Потврда за раскажувачкиот талент и лирската моќ. Сола ги спојува и ги оживува историјата и легендата, реалноста и литературата.“ Ла Вангардија

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Страници 214
Издавачка куќа Три
Автор Ирене Сола
ISBN 9786082307879
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x