Патувањето на еден слон

Патувањето на еден слон

Цена: 380 ден.

Опис на книгата

Патувањето на еден слон е волшебна приказна проткаена со мудрост и хумор за трајноста на пријателството и за минливоста на славата.

Во 1551 г. португалскиот крал Жоао III решава да му прати на австрискиот надвојвода Максимилијан невообичаен свадбен дар: слонот Соломон. Одеднаш сите се растрчуваат да ги подготват слонот и неговиот чувар Субхро. Необичната свита и кралската гарда го изминуваат целиот континент опустошен од реформацијата и граѓанските војни, низ попатните сведоштва на зналците, историчарите и оџагорените обични луѓе. Карванот се пробива низ древните градови на северна Италија; храбро се искачува по Алпите и стравотните теснини Исарко и Бренер; преку Средоземно Море па пругоре по реката Ин, и најпосле пристигнува пред величествената порта на царска Виена...

Патувањето на еден слон е сказна богато проникната со иронија и емпатија, проткаена со духовити размисли за човечката природа, едно значајно толкување на моќта која го навредува човековото достоинство. Лос Анџелес тајмс

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2016
Издавачка куќа Три
Автор Жозе Сарамаго
ISBN 978-608-230-431-1
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x