Островот на исчезнатите дрвја

Островот на исчезнатите дрвја

Цена: 480 ден.

Опис на книгата

Легендите постојат за да ни го раскажат она што историјата го заборавила.

Во 1974 г., на островот Кипар, Гркот Костас и Турчинката Дефне кришум се среќаваат во меаната Среќна смоква среде која се извишува едно дрво – сведок на војната што се разгорува на островот и на неговата поделба, кога младите се принудени да се разделат.

По дваесетина години Костас се враќа во Никозија како успешен ботаничар и ја наоѓа својата изгубена љубов. Заминуваат за Лондон, со едно гранче од старата смоква... По 16 години, соочена со загубата на мајка си, нивната ќерка очајно трага по одговори. А единствената врска што ја има со земјата на своите предци е смоквата во дворот и една неочекувана гостинка за новогодишните празници. Со своите вкусни кипарски рецепти, бучен карактер и топлина, таа го извлекува семејството од зачмаеноста и ги расветлува годините на тајни, разделби и тишини.

Раскошна, магична приказна за припадноста и идентитетот, љубовта и траумата, сеќавањето и заборавот, уништувањето на човештвото и природата, и најпосле, за обновата и зацелувањето.

„Прекрасен и трогателен роман за мрачните тајни на граѓанските војни и злата на екстремизмот: Кипар, љубовници од различни вери, оштетени деца, откоренување – и замислете, еден од ликовите во книгата е смоква!“ - Маргарет Атвуд, Твитер

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Издавачка куќа Три
Автор Елиф Шафак
ISBN 9786082307947
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x