Оренда

Оренда

Распродадено

Опис на книгата

Далечна зима во XVII век во Канада. Се случуваат брутален масакр и киднапирање на девојче од племето Ирокези. Тоа ќе ги влоши и онака непријателските односи меѓу Ирокезите и Хуроните. Хуронскиот воин – Птица решава да го посвои девојчето чие семејство го убил во замена за своето убиено семејство. Се бори да ги освои срцето и наклонетоста на девојчето, а притоа малите битки еруптираат во војни. Истовремено, меѓу Хуроните живее и Кристоф, језуитски мисионер посветен на проучување на животот и обичаите на домородното население, со желба да им го покаже на луѓето вистинскиот пат и да ги преобрати во христијани. Додека животите на овие три главни ликови се испреплетуваат во нераскинливи мрежи, разни сојузи се склопуваат и раскинуваат, а културите и верувањата се судираат соочени со опасната промена. Приказна за крв и надеж, сомнеж и доверба, омраза и љубов: сага што е стара речиси четиристотини години – а сега се претвори во безвременско книжевно дело.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Страници 496
Автор Џозеф Бојден
ISBN 978-608-243-321-9
Тежина 496
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x