Одмазда

Одмазда

Распродадено

Опис на книгата

Правдата е како вода. Секогаш си го наоѓа патот.

Уште еден грабеж на банка во центарот на Осло и нова жртва. А мотивот на маскираниот ограбувач е крајно бизарен... Случајот му е доделен на вишиот инспектор Хари Хуле. Тој добива и нова партнерка, ќерка на легендарен полицаец кој и самиот загинал од ограбувач на банки... Во меѓувреме, сликарката Ана – старата љубов на Хари – е најдена мртва во нејзиниот заклучен стан, токму ноќта по неговата посета...И само што ќе ги затворат случаите како решени – нов грабеж на банка, нова жртва и нови, неочекувани докази. Единствениот кој може да помогне е озлогласениот Раскол, кој во меѓувреме им се предава на властите...Дали навистина одмаздата е таа што ги движи луѓето? И што се случува кога двајца браќа ќе се вљубат во иста жена?

 „Така се пишуваат криминалистички романи – читателот да го полазат морници, да го чекаат изненадувања на секој чекор“. Vasterviks-Tidningen

 „Ако ова ви е прв роман за Хари Хуле, ќе посакате да ги прочитате сите други. Доколку сакате трилери, Хари Хуле е вашиот човек.“ Arizona Republic

Детали за продуктот

ISBN 978-608-230-372-7
Корица Мека
Година на издавање 2015
Издавачка куќа Три
Автор Ју Несбе
Ју Несбе

Ју Несбе

Ју Несбе (роден на 29 март 1960) е норвешки писател, музичар, економист и поранешен фудбалер и известувач. Повеќе од 3 милиони копии од неговите романи беа продадени во Норвешка од март 2014 година; неговото дело е преведено на повеќе од 50 јазици, а до 2021 година се продадени околу 50 милиони примероци ширум светот. Познат првенствено по неговите крими-романи со инспекторот Хари Хол, Несбе е исто така главен вокал и текстописец за норвешкиот рок бенд Ди Дер. Во 2007 година ја издаде својата прва книга за деца, Доктор Прокторс Промпулвер. Филмот од 2011 година, Ловци на глави, е базиран на романот на Несбе.

Повеќе за Ју Несбе

Книги од авторот

Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x