Од среќната република

Од среќната република

Цена: 230 ден.

Опис на книгата

 

Откако го сврте вниманието кон себе со извонредната збирка „Куферите на Џим Џармуш“ (2009), која имаше рецепција и во странство (преведена на полски и на каталонски јазик), но и со присуството во странски и домашни антологиски избори на новата и современа српска поезија, речеси една деценија подоцна, поетот се огласува со збирка со малку симптоматичен, значенски провокативен наслов „Од среќната република“. Пишувајќи претходно за новата српска поетска сцена, истакнав дека на Матовиќ му успеа да обедини две постапки и две традиции, нешто што ретко или речиси никогаш не им успеа на неговите претходници.

Бојана Стојановиќ-Пантовиќ

 

Татковината не може да се избрише, макар и во онаа смисла кога ви припаѓа како сеќавање, како носталгија, сепак од неа треба да се побегне, што подалеку, таму од каде што доаѓаат дабрите, таму каде што животот можеби ќе се одвива во привид на каква-таква нормалност што нема да биде оптоварена со сето она што татковината го стори за сопствено валкање и самоуништување.

Со оваа збирка песни Петар Матовиќ потврди дека е еден од најважните гласови на современата српска поезија, која не претставува поза и залажување. Напротив, станува збор за поет кому свеста за стварноста му е подеднакво важна како и онаа за текстуалноста, а тоа е комбинација што ја заслужува сета почит.

Владимир Арсениќ

 

Внимателноста, песимизмот, егзибиционизмот и експерименталноста на современата пеозија најчесто потекнуваат од немоќта на авторите модерните теми и поими да ги совладаат преку традиционалните средства – сликата, метафората, звукот. Оттаму и верувањето дека поезијата е исцрпена, дека не може веќе изворно да се пее. Стиховите на Матовиќ на уверлив начин ја побиваат оваа теза. И покрај сите иновации, читателот пред книгата на Матовиќ не се чувствува збунет. Не се поставува прашањето зошто ова е поезија и каква врска има со поезијата, со цел да се нарече некако поинаку. Мелодичноста, сликовитоста и прецизната, а неочекувана метафорика можат да се најдат на секоја страница од книгата и би било излишно да се издвојуваат. Без сомнеж, по оваа книга, Матовиќ може да се нарече еден од најдобрите српски современи поети – на која било генерација.

Никола Живановиќ

 

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2020
Страници 100
Автор Петар Матовиќ
ISBN 978-608-243-414-8
Тежина 127
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x