Норвешка шума

Норвешка шума

Цена: 480 ден.

Опис на книгата

Кога ќе ја чуе песната на Битлси Тору Ватанабе се сеќава на својата прва љубов Наоко девојката на неговиот најдобар пријател Кизуки. Истиот миг во мислите се враќа во минатото кога пред речиси дваесет години ги минувал студентските денови во Токио загубен во свет на тегобни пријателства патемен секс страст загуби и копнежи - во времето кога во неговиот живот влегла незауздената млада жена Мидори а тој морал да избира меѓу иднината и минатото.Норвешка шума е најпознатиот роман на Харуки Мураками култна книга која неодамна беше најголем јапонски бестселер на сите времиња. Само во Јапонија се продадени над четири милиони примероци.

Оваа книга е полна со студентски бунтови, слободна љубов и поп-музика од шеесеттите години. Исто така, таа е вистински емотивна и ги опишува врвовите, но и најдлабоките падови на растењето. Индепендент

Трогателна приказна што погодува право во срцето... Мураками е несомнено еден од најдобрите светски романсиери. Глазгов хералд

Мураками го гради своето книжевно ткиво на толку префинет, пајажинест начин, што сè што ќе реши да опише, трепери од безброј симболични можности. Гардијан

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2005
Издавачка куќа Три
ISBN 9786082307237
Харуки Мураками

Харуки Мураками

Харуки Мураками (Haruki Murakami) (роден на 12 јануари 1949 година) е јапонски писател. Неговите романи, есеи и раскази се бестселери во Јапонија, како и на меѓународно ниво, со тоа што неговата работа е преведена на 50 јазици и продава милиони примероци надвор од Јапонија. Има добиено бројни награди за неговата работа, вклучувајќи ја и наградата Гунзу за нови писатели, Светската награда за фантазија, Меѓународната награда за краток расказ „Френк О’Конор“, наградата Франц Кафка и наградата Ерусалим, чии претходни добитници се Ј.М. Коети, Милано Кундера и В.С Најпаул.

Повеќе за Харуки Мураками
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x