Никаде без ќерка ми
Никаде без ќерка ми

Никаде без ќерка ми

Цена: 400 ден.

Опис на книгата

Никаде без ќерка ми е автентична приказна за љубовта, за личната драма, за траумите и за понижувањата на една современа Американка.

По неуспешниот брак, Бети се вљубува во штотуку дипломиран лекар – Иранец. Љубовната идила по две-три години завршува со брак, а по извесно време брачниот пар одлучува да го посети Иран, заедно со својата тригодишна ќерка. Иако Бети се плаши дека нема да се врати оттаму, сепак одлучува да го придружува својот сопруг. Патувањето се совпаѓа со периодот кога во Иран се случуваат крупни политички промени, односно, кога на власт доаѓа имамот Хомеини и кога Иран станува Исламска Република.

Нејзините стравувања многу брзо стануваат реалност. Бети со својата ќерка станува заложник на мрачното семејство на нејзиниот сопруг.

По низа драматични случувања, таа успева да избега од Техеран со својата ќерка и да дојде во САД.

Никаде без ќерка ми е книга за бескрајната мајчинска љубов и за издржливоста, но и за муслиманскиот фанатизам, како и за судирот помеѓу западната култура и културата на исламските државни уредувања.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2020
Издавачка куќа Култура
Автор Бети Махмуди
ISBN 9786082620695
Страници 556
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x