Непобедлив

Непобедлив

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Вселенскиот брод „Непобедлив“ слетува на планетата Регис III. Задачата на неговиот екипаж е да ги открие причините за исчезнувањето на претходната експедиција од вселенскиот брод близнак „Кондор“, кој слетал и набргу потоа прекинала комуникацијата со него. Научниците почнуваат да ја испитуваат планетата, го пронаоѓаат бродот, но не можат да ги утврдат причините за катастрофалните случувања. Наскоро откриваат и остатоци од нешто што прилега на „град“, а потоа и форма на еволуција на мртвото, т.н. некросфера, за што се претпоставува дека се механизми потомци од одамна исчезнатата цивилизација на Лираните.

Во овој култен роман се зборува за средбата со вонземското и за неможноста на човештвото да оствари контакт со непознатото. Исто така, Лем ја преиспитува човековата желба за истражување на космосот и го поставува прашањето што да направи човештвото кога ќе се соочи со својата ограниченост.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Страници 208
Тежина 219
Автор Станислав Лем
ISBN 978-608-243-367-7
Издавачка куќа Антолог

Книги во категоријата Фантастика

Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x