Некои бладања од војната
Некои бладања од војната

Некои бладања од војната

Цена: 279 ден.

Опис на книгата

Прозниот првенец на Митко Апостолов, насловен Некои бладања од војната, пишуван во манирот на постмодерниот, прозен, експериментален формат – претставен како лавиринт изграден од имиња во кој демне гласот на авторот, наместо Минотаурот – пред читателот носи исклучително свежа книга со која се најавува сериозен автор на најновата македонска авторска генерација.

Некои бладања од војната е формат книга која е наменета за оној тип читатели – сладокусци кои уживаат со-фистицирано зачинети книги во кои можат да најдат слики од своето секојдневие, слики чија вистинитост е возможна само во мигот во кој се родиле и како такви се заглавени во времето. Можеби е најдобро да се каже дека Апостолов создал албум со фотографии под кои напишал куси легенди, налик на она бележење на фотографиите со датуми, непознати имиња и уште понепознати или добропознати места.

Доколку сте ваков тип колекционер на нечии сеќавања, тогаш книгата на Митко Апостолов е напишата само за вас. Доколку не сте, ви препорачувам да влезете во неговиот интимен албум и детективски да го истражите. Има што да се најде. - Сашо Димоски, писател

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2017
Издавачка куќа Култура
Автор Митко Апостолов
ISBN 978-9989-32-913-5
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x