Нека играат децата (трето издание)

Нека играат децата (трето издание)

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Трето издание на „Нека играат децата“ од Денис Бојаров, збирка раскази наменета за различни возрасни категории, која обработува социолошки, психолошки и филозофски теми поврзани со децата, со семејството, но и со човекот воопшто.

Во голема мера книгата изобилува со автобиографски приказни, збогатени со имагинативната нарација, преку кои авторот воспоставува комуникација и блискост со читателот и му испраќа емотивни и моќни пораки.

Нараторот преку гласот на децата, преку родителите, животните и растенијата комуницира со читателот и му дава еден готов производ од ликови и настани од нашето поднебје, со кои сите ние се идентификуваме. Педесет и еден расказ на број, тематски слични, сепак со поинакво сиже и поуки. Ова се раскази што ќе ја поттикнат емпатијата во вас.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Страници 160
Тежина 164
Автор Денис Бојаров
Издавачка куќа Антолог
ISBN 978-608-243-512-1
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x