Небото над реката Чарлс
Небото над реката Чарлс

Небото над реката Чарлс

Цена: 330 ден.

Опис на книгата

Дозволете си да бидете дел од оваа величествена и трогателна приказна...

Сместена покрај кејовите на реката Чарлс во Бостон, Масачусетс, оваа топла и емотивна приказна ќе ве поведе на необично патување во кое цврсто се преплетуваат минатото, сегашноста и иднината. Џејмс е талентиран и врвно образован музичар, со потекло од старо и угледно бостонско семејство. Но, тој е човек со темна судбина којашто постојано го влече нана зад, кон минатото...

Софија е млада и амбициозна адвокатка, родум од Глостер, која живее напорен живот во големиот град – со нозете цврсто застаната на тлото и со блескав поглед свртен кон иднината. Судбината ќе ги спои младите животи на овие двајца луѓе во прекрасниот и елегантен Бостон, покрај бреговите на реката Чарлс. Настаните во големиот град им носат драматични пресврти на главните протагонисти, а животот носи премрежија коишто безусловно ќе мораат да ги премостат.

Но вистинската љубов не познава граници: Таа е поголема од животот!

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2018
Издавачка куќа Култура
Автор Катерина Серафимовска
ISBN 978-9989-32-940-1
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x