Небеска Тимјановна

Небеска Тимјановна

Цена: 330 ден.

Опис на книгата

Ова е само една вистина, зашто вистини има стопати по толку, којзнае колкупати по толку. Вистини има колку што има и луѓе. И живи и мртви.

Со овие зборови големиот Петре М. Андреевски ни ја отвора приказната на Небеска Тимјановна, оставајќи ја самата да ни ја раскаже. А како да се раскаже цел еден живот – тегобен и испреплетен со маките на сопствениот народ? Има ли зборови што можат да го опишат тоа што го гледаат очите, тоа што го страда срцето? И колку цврст треба да биде човекот за да ги издржи животните искушенија: стрелањето на непокорниот татко, љубовниот неспокој што мора да се крие од другите, пеколните борби во планините, цицалчето кое мора да се напушти, обвинувањата на довчерашните другари, страдањето во логорите заради идеалите за кои е жртвуван целиот живот?.

И пак да сe најдат сили за да се надмине сè и на крајот сè да се раскаже – за да остане запаметено, за да не се заборави.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2020
Страници 295
Издавачка куќа Три
Автор Петре М. Андреевски
ISBN 978-608-230-637-7
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x